„Житопроизвод“ во соработка со компанијата „Сигнифико“ од Загреб воведе четбот заснован на ВИ.
Со голема радост го претставуваме нашиот нов четбот – Карла! Со оглед дека во нашето работење секогаш ги следиме трендовите, па така и во овој сегмент со гордост можеме да кажеме дека сме од првите компании од прехранбенета индустрија во Хрватска кои на специфичен начин ја користат ВИ. Водечките светски компании во краток временски период воведоа ВИ во своето работење, па так аи ние со Карла во „Житопроизвод“ нема да спиеме, изјави Вања Ханиќ, претседател на управата на „Житопроизвод“.
Тој додава дека оваа алатка ќе и овозможи на компанијата да им пружи на корисниците врвна поддршка и да го подобри корисничкото искуство.
Потрошувачите ќе можат 24 часа да му се обраќаат на четботот на вебстраницата на компанијата во врска со производите од асортиманот на „Житопроизвод“ помеѓу кои се и производите Karla.
Извор: InStore.hr
Фото: „Житопроизвод“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.