Крем сирењето ABC продолжува да се шири на пазарите низ Европа, откако на домашниот пазар ја има водечката позиција.
Избраниот асортиман на производите моментално е достапен во десет европски земји, а од овој месец ќе започне продажбата и на пазарите во Унгарија, Шпанија и Малта. Целиот асортиман на сирењата ABC е веќе испорачан до малопродажните синџири во Унгарија, а во тек се испораките на првите количини во Шпанија и Малта, соопштуваат од компанијата.
Директорот за продажба и маркетинг на „Беље“, Јурица Беле, истакнува дека сирењето ABC, e најважниот извозен производ на компанијата и дека паралелно работа на извозните потенцијали во Европа и Северна Америка.
На крајот на минатата година беше редизајнирана амбалажата на свежите крем сирења ABC, а новите визуелни елементи дополнително го истакнаа едноставниот, но совршен вкус.
Извор/Фото: Instore.hr
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.