Регион

Доаѓа нов дисконтер во Србија - АЛБИ

05 Sep 2024

Дисконтерот „Алби“ пристигнува во Србија и најавува проширување низ целата земја, пренесува порталот Retail Serbia.

Како што најавија од компанијата, „Алби“ на српскиот пазар ќе стартува на 5 септември со отворањето на првиот дисконт во Панчево, на улица Првомајска ББ.

Како дисконт, на потрошувачите ќе им понуди асортиман до 1.500 артикли.

Како што додаваат од новиот синџир, во текот на годинава планот е да се отворат вкупно три маркети „Алби“ во различни градови, додека следната година планираат да отворат до десет дисконти низ Србија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...