„Лидл“ ги модернизира своите продавници во Германија за да одговори на обновената експанзија на „Алди“ и да се прилагоди на променливите преференци на потрошувачите. Новата стратегија ја нагласува едноставноста и ефикасноста, а истовремено го зајакнува дисконтната слика на „Лидл“. Фокусот дополнително е насочен кон непрехранбените производи и свежиот асортиман.
Автор: Себастиан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
„Лидл“ во Германија го менува концептот на своите продавници. Новото мото на дисконтерот „Шварц“ е „враќање кон корените“. Во време кога купувачите сè повеќе посветуваат внимание на нивните трошоци, „Лидл“ сака посилно да се позиционира како дисконтер.
Концептите за купување по категории се повторно интегрирани во целокупниот изглед на продавницата, додека посложените дизајнерски елементи се заменети со појасна навигација низ продажниот простор. Фокусот на „Лидл“ во моментов е на брз и лесен процес на купување и ефикасност во работењето.
Во претходниот период ги посетив модернизираните продавници на Лидл во Германија.
Делот за овошје и зеленчук, кој претходно имаше аголни полици за да наликува на отворен пазар, сега завршува во права линија, како и сите други полици.
Пекарата е претежно во црно-бела комбинација, додека на првите полици има промотивни производи, слатки и солени грицки.
Најголемите промени се видливи во задниот дел на продавницата. Промотивните полици, претходно усогласени со предниот дел на продавницата, сега се ротираат за 90 степени. Ова го става фокусот на непрехранбениот асортиман, каде што сите промотивни производи – непрехранбени, производи од сува храна и свежи – се групирани на едно место.
Таму каде што претходно промотивниот простор беше уреден така што ладилните полици беа видливи од центарот на продавницата, последната вкрстена полица сега е целосно ладилна за да се приспособи на проширувањето на асортиманот на свежи производи.
Целиот асоритиман е означен со електронски етикети (ESL). Стандардните цени се прикажани во бело, додека промотивните се прикажани со црвено. За органски производи, „Лидл“ разви специјална зелена рамка за ESL етикети.
Одделите за козметика и алкохол се реконструирани и сега ги користат вообичаените полици.
Новите и реновирани продавници имаат фискални каси за самопослужување – засега нема опција за плаќање во готовина и големи „XXL“ ваги.
Претходниот модел на продавници, воведен во 2020 година, беше повеќе ориентиран кон формат на супермаркет. Во Германија, „Лидл“не само што се натпреварува со конкурентот „Алди“ за наклонетост кон купувачите, туку постојано се обидува да привлече купувачо од супермаркетите со целосен опсег како што се „Едека“ и „Реве“. Во овој контекст, стратегијата за „супермаркетизација“ од претходните години беше баланс помеѓу поширок избор на производи, повеќе услуги и попријатно шопинг искуство од една страна и одржување на бизнис модел со попуст од друга страна.
Продавницата „Лидл“ со најновиот концепт која ја посетив се наоѓа во трговскиот центар.
Новодизајнираниот оддел за овошје и зеленчук се наоѓа на влезот во продавницата. Промотивните ставки се прикажани под слоганот „Од нашето рекламирање“ („Aus unserer Werbung“ - од нашето рекламирање).
Пекарата се вика „Наш леб“. Првите елементи на полиците содржат неделни промоции, слатки и солени закуски. Органските производи, чии цени значително пораснаа на германскиот пазар, се пласираат на крајот на овој дел.
Во задниот дел на продавницата, промотивните полици се ротирани за 90 степени за да се зголеми видливоста на непрехранбените производи. Првите два реда на полици се резервирани за непрехранбени промоции кои започнуваат во понеделник и четврток, додека третиот ред е резервиран за прехранбени промоции.
Во случај кога моментално промотивниот непрехранбен производ не е достапен, купувачите можат да побараат ваучер при наплатата за да ги покријат трошоците за испорака и да го нарачаат производот онлајн бесплатно.
Во задниот агол на продавницата се групирани сите промоции од свежиот асортиман. Промотивната црвена боја е видлива од предниот дел на продавницата.
Четвртиот ред, како нов елемент, содржи исправена единица за ладење паралелна со стандардните полици за ладење. Овој распоред на полузатворени полици овозможува прикажување на повеќе свежи производи и ја намалува потрошувачката на енергија.
Асортиманот на месо, живина и риба се наоѓа на задната страна на полицата, во ладилна витрина со стаклени врати во висококвалитетна антрацитна сива боја. Различни видови месо се обоени во различни бои за полесна навигација. Дополнително, „Лидл“ ја истакнува етикетата за благосостојба на животните на четири нивоа за „совесни купувања“.
„Лидл“ користи електронски етикети за целосниот асортиман - суви, разладени и замрзнати производи. Стандардните цени се прикажани со бело, а промотивните со црвено.
Со цел органските производи да се истакнат, „Лидл“ разви специјална зелена пластична рамка за ESL етикети.
Одделот за вино, под брендот „Винска рута“, содржи картони за вино на долните полици и единечни шишиња на повисоките полици. Вината со цена од 5 евра и повеќе се изложени на посебни дрвени полици.
Како и во одделот за вино, шишињата во одделот за алкохол може да бидат изложени со рамки за извлекување. Алкохолните пијалаци со висока вредност имаат безбедносни етикети.
На враќање кон касата, „Лидл“ ги смести замрзнатите асортимани во две исправени единици за ладење еден свртен кон друг. Како и во делот со „сув“ асортиман, промотивните производи се поделени на понуди почнувајќи од понеделник и четврток.
На касите „Лидл“ постави полици со големи пакети наменети за семејствата.
Отворен е просторот за каса, поделен на три фискални каси за самопослужување и една традиционална каса. Во оваа поставка, самопослужните наплати во моментов прифаќаат само плаќања со картичка.
Со цел да се олесни приспособувањето кон технологијата,„Лидл“ нумерира поединечни чекори во процесот на касите за самопослужување и додаде инструкции за корисниците.
Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.