Свет

САД: „Херши“ ги намали прогнозите за третиот квартал

14 Nov 2024

Компанијата „Херши“ во третиот квартал од својата финансиска година пријави пад на консолидираната нето продажбата за 1,4% на 2,98 милијарди долари.

Пријавената бруто маржа за овој период изнесува 41,3% во споредба со 44,9% во истиот период минатата година, што е намалување од 360 базни поени, додека приспособената бруто маржа изнесува 40,3%, што е пад од 460 базни поени во споредба со третиот квартал во 2023 година.

Прилагодената оперативна добивка бележи пад од 13,2%, а нето продажбата на кондиторските производи во САД достигна 2,4 милијарди долари што е зголемување од 0,8% во однос на истиот период минатата година, додека сегментот на солени грицки има пад за 15,5% на 291,8 милиони долари.

Меѓународниот сегмент на компанијата во третиот квартал оствари профит од 14,2 милиони долари, што е за 17,5 милиони долари помалку во однос на минатата година.

Ние веруваме во издржливоста на нашите категории и силата на нашите брендови. Иако досегашните резултати се под влијание на историски високите цени на какаото и предизвикувачкото опкружување на потрошувачите, ние остануваме ласерски фокусирани на контролирање на она што можеме и веднаш да дејствуваме за да испорачаме вредност на клиентите, потрошувачите и акционерите. Нашите приоритети се да поттикнеме раст на врвната линија и пазарниот удел со придобивање на клучни купувачи, проширување на нашето чоколадно портофолио, забрзување на категоријата бонбони и максимизирање на нашата сезонска сила, изјави Мишел Бак, претседател и главен извршен директор на компанијата „Херши“.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Херши“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...