Свет

Кина: „Карлсберг“ ја отвори својата 27.пиварница

30 Aug 2024

Како дел од својата инвестициска стратегија на пазарите во Кина, Индија и Виетнам,  „Карслберг“ ја отвори својата 27.пиварница во Кина.

Во момент кога нашата компанија ги зголемува амбициите за долгорочен пораст, посветени сме на забрзување на нашите стратегиски инвестиции со цел да овозможиме долгорочен раст во Кина, изјави Хенрик Поулсен, претседател на надзорниот одбор на „Карслберг груп“.

Пиварницата „Фосшан Саншуи“ има капацитет за годишно производство на пет милиони хектолитри на пиво, опремена е со две производни линии за флаширање со капацитет од 48.000 шишиња на час, има една линија за конзервирање со капацитет од 90.000 лименки на час и една линија за буриња со капацитет од 90 барели на час.

Со новата технологија и напредната опрема пиварницата не само што ќе го зголеми производството и ќе обезбеди конзистентноста на високиот квалитет на пивото, туку ќе се поддржи и нашата цел за одржливост и интеграција на соларните панели и подземниот систем за собирање на дождовиница, изјави Џекоб Аруп – Андерсен, извршен директор на „Карлсберг група“.

Покрај соларните панели и системи за собирање на дождовница, оваа пиварница во своето работење употребува исклучиво електрични вилушкари.

 Пиварницата ќе служи и како развоен центар на „Карслберг“ надвор од Европа и ќе овозможи развој на нови производи, анализа на трендови и вкусови, дизајнирање на амбалажи и професионално тестирање.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Карлсберг груп“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...