Македонија

Отворен нов маркет „Зур“ во Скопје

04 Sep 2024

На 29 август компанијата „Гранд пром Зур“ го отвори новиот „Зур“, кој е 21. продажен објект од овој формат.

Новиот „Зур“ се наоѓа на ул.Сава Ковачевиќ бр.43Б, Kисела вода, Скопје и се простира на површина од 659 квадратни метри. За услугата се грижат 12 вработени, а потрошувачите се услужуваат на 4 наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат околу 4.000 производи од различни брендови.

                      

Ова е 21. маркет „Зур“, а 42. од вкупениот број на маркети. Од компанијата истакнуваат дека со свои маркети присутни се во Скопје, Кочани, Берово, Свети Николе и Куманово.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...