Регион

Србија: „Делез“ продолжува со ширење на продажната мрежа

30 Aug 2024

Со отворањето на новите „Макси“ супермаркети во Сремска Митровица и Лозница, како и со реновирањето на продавниците во белградската населба Мирјево, трговскиот синџир „Делез“ – Србија во текот на август продолжи со ширењето и модернизацијата на малопродажната мрежа.

Новиот „Макси“ супермаркет во Сремска Митровица е трет продажен објект на компанијата во овој град и тој се наоѓа на Фрушкогорска 70. Во него на потрошувачите им се нуди свежо овошје и зеленчук, како и спакувано свежо месо, деликатеси, млеко, млечни производи, свежи печива и леб.

Во Лозница, како дел од трговскиот центар „Гучево“ на адреса Филип Клајиќ 5, отворен е петтиот „Макси“ супермаркет во овој град. Во понудата на овој супер маркет се издвојува разновидниот избор на овошје и зеленчук, пекарски производи, деликатеси и пакувано месо.

       

Како дел од унапредување на малопродажната мрежа модернизиран е „Макси“ маркетот во Белград кој се наоѓа на Миријевски венац 23, во него има широк асортиман на производи и целосно модерен амбиент.

Континуираната работа на проширување и модернизација на малопродажната мрежа низ Србија е показател за стратешката определба на малопродажниот синџир „Делез“  - Србија,  да им понуди на што повеќе купувачи можност да купат најквалитетна храна, како и да поминат пријатно време во купувањето во непосредното соседство, соопштуваат од компанијата.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...