Регион

Словенија: Отворена продавница без амбалажа

06 Jun 2023

Во Блед, Словенија, е отворена продавница под називот „На кило“, која работи со мрежа од локални производители, нудејќи им на потрошувачите локални производи ако имаат сопствена амбалажа. 

Купувачите можат кај нас да дојдат со кеси, празни чаши и пластични садови за повеќекратна употреба, да ја измерат празната амбалажа, да ја наполнат и повторно да измерат. Можат да купат амбалажа и тука, на лице место, велат од продавницата. 

На отворањето на објектот присуствуваше и градоначалникот на Блед, Антон Межан, кој изјави дека „со ваков чекор назад е направен голем чекор напред“. Според него, оваа продавница има иднина не само што за однесува до продажбата, туку и за подигнување на свеста кај граѓаните. 

Основање продавница без амбалажа беше планирано и пред неколку години, но општината мораше да ги добие потребните дозволи за изградба на објект на местото на поранешна бензинска пумпа. 

Извор: InStore.si
Фото: Bled.si



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...