Регион

Србија уште не ги исполнува условите за извоз на јајца во ЕУ

04 Apr 2023

Србија не може да извезува пилешки јајца во ЕУ, а според директорот на Здружението на живинарски бизнис, Раде Шкориќ, ниту да ги транспортира преку таа територија во трети земји. Според неговото мислење, производството е големо и нема причина јајцата да поскапат за Велигден, но доколку поскапат, цената нема да се зголеми за повеќе од еден динар за парче.

Поскапувањето на јајцата за 30 отсто во споредба со лани, што го забележа статистиката, е резултат, како што истакна, на драстичното зголемување на цената на храната до 80 отсто и на големиот пад на цените на јајцата во текот на пандемијата.

Од Србија, како што вели, сега се извезуваат јајца во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, а од неодамна, по 30 години, и во Албанија.

За да се исполнат барањата од прописите за благосостојба на животните, сопствениците на фармите за пилиња мора да обезбедат нови кафези за одгледување кокошки, кои треба да имаат повеќе простор по пиле од претходно.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...