Регион

Хрватска подготвува „бела“ и „црна“ листа на трговци

18 Jan 2023

Министерството за економија на Хрватска почна да изготвува две листи врз основа на тоа дали трговците чесно или нечесно ги формираат малопродажните цени во продавниците

Станува збор за таканаречените „бела листа“ и “црна листа“ и на секоја ќе се најдат големите трговци и нивната пракса во работењето, додека како резултат на посебен начин на следење на цените на основните производи, потрошувачите на портал што е во изработка ќе ги добијат сите потребни информации за тоа како се движат цените. Или, тоа за некои трговци ќе биде реклама, а за други - антиреклама, на следниот начин: „белата“ листа е замислена за трговските синџири кои овозможуваат увид во цените, а „црната“ ќе покажува примери на поскапувања, или како не се најавуваат зголемите цени. Од МИнистерството објаснија дека кога поевтинуваат енергијата и цените на суровините, нема причина да поскапуваат храната и пијалаците, особено по кревање на цените за околу 20 отсто лани, па и двојно повеќе од минатогодишната инфлација. 

Во „белата“ листа ќе се почне со трговците кои јавно ги објавија цените на 80 основни производи. Тоа се „Конзум“ и „Ктц“. Се очекува дека листите ќе бидат готови многу брзо, како и порталот со информации.  

Покрај до „Конзум“ и до „Ктц“, Министерството испратило допис и до „Лидл“, „Кауфланд“, „Плодине“, Шпар“, „Томи“, „Студенац“. Во име на сите реагираше хрвтаското Здружение на трговци, соопштувајќи дека „трговците се подготвени да соработуваат во реализација на механизмите за следење на цените откако претходно ќе биде усогласен начинот на кој ќе се прави споредбата“. 

Извор: Poslovni.hr 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...