Регион

Владата на Србија ја ограничи цената на шеќерот

30 May 2022

Владата на Србија донесе Уредба за ограничување на цената на шеќерот, поради наглиот скок на цената на кристалниот шеќер во поголеми пакувања. Неговата цена се зголеми бидејќи претходно беше ограничена само цената на пакувањата од еден килограм. 

Со Уредбата, се ограничува малопродажната цена на шеќерот за целата амбалажа. 

Пoради големата разлика во цената, зголемена е побарувачката за пакувањата од по еден килограм и често ги нема во малопродажните објекти. Сега со Уредбата е пропишано дека трговците на големо мораат да дистрибуираат кристален шеќер до трговците на мало во рок од 15 дена, соопштија од Владата.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...