Регион

Црна Гора воведе прогресивен данок за фирмите

08 Nov 2021

Црногорската влада утврди измени на Законот за данок на добивка со кој се предлага премин од пропорционално во прогресивно оданочување. Со тоа  буџетските приходи би се зголемиле за приближно 25 милиони евра.

Со овие измени се предлага премин од пропорционално (даночна стапка од девет проценти без разлика на висината на оданочливата добивка) кон прогресивно оданочување на приходите на претпријатијата во зависност од висината на оданочената добивка, по стапки од 9, 12 и 15 проценти,соопштија од владата на Црна Гора. 

Микро и малите компании, кои сочинуваат повеќе од 90 отсто од компаниите во Црна Гора и остваруваат добивка до 100 илјади евра, ќе имаат исто даночно оптоварување на добивката од 9 отсто, според новото законско решение.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...