Една од водечките хрватски компании за храна се приклучи на проект кој ги поврзува производствените компании и иновативните студентски тимови, сакајќи попрецизно да ја предвиди побарувачката на клиентите за точно планирање на снабдувањето.
„Подравка“ стана еден од проектните партнери кои во Хрватска го имплементираат проектот од страна на Универзитетот во Загреб и Факултетот за машинско инженерство и поморска архитектура.
Може да учествуваат сите заинтересирани тимови што мислат дека можат да решат еден од четирите понудени предизвици, вклучувајќи го и тој на „Подравка“.
EIT Manufacturing Innovation Challenge им дава можност на креативните тимови да соработуваат со успешни производствени компании, како и едукација, менторство, средби со колеги, потенцијални партнери, клиенти или работодавци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.