Вработените во „Подравка“ добија дополнителни по 1.500 куни (околу 200 евра) награди за остварени деловни резултати во изминатите 11 месеци.
Тоа е веќе петта награда за работниците во текот на 2020 година. Управата на „Подравка“ со оваа награда повторно им се заблагодари за трудот и ангажманот во исклучителни услово за работење среде пандемијата, објавија од компанијата.
Во текот на оваа година, „Подравка“ преку парични награди четири пати искажа благодарност кон работниците за нивниот труд. Вработените во производно-логистичките целини и службите поврзани со нив добија награди од по 1.000 куни за работа во три смени , со оглед на тогаш зголемените потреби на пазарот за производите на „Подравка“. Потоа сите добија регрес во висина од по 3.000 куни, па еднократна награда од по 1.000 куни. На крај, по повод Божиќ, сите вработени добија уште по 1.500 куни.
ПОкрај сите предизвици што ни ги донесе пандемијата, благодарејќи пред се на нашите вработени, на нивната вредна работа и одговорно однесување со кое го чуваа и сопственото здравје и здравјето на своите колеги, „Подравка“ оваа година беше успешна во секој сегмент од работењето. Поради тоа континуирано ги наградувавме вработените бидејќи нивното задоволство ни е на прво место и така ќе биде и во иднина. Со оптимизам ја чекаме новата година, уверени дека со заеднички труд ќе ги оствариме деловните планови и зацртаните цели, изјави Марин Пуцар, претседател на Управата на „Подравка“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.