Вчера беше отворен новиот маркет „Киппер“ во Гостивар, кој е 55. продажен објект на хард-дисконтерот во земјава.
Маркетот се наоѓа на улицата ЈНА, бр. 316. Се простира на продажен простор од 550 квадратни метри, со дополнителен магацински простор од 150 квадрати. Располага со 3 наплатни каси, а за услугата се грижи тим од 10 вработени.
Асортиманот во новиот маркет се состои од 2.100 артикли. Освен стандардните производи, асортиманот е проширен и со кујнски прибор и садови.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.