Македонија

Просечната нето плата изнесува 43 050 денари

21 Mar 2025

Во јануари е исплатена просечна плата од 43.050 денари. За 8,9 проценти повисока во споредба со минатогодишниот јануари. Ова е нето-износот, додека бруто е 64.697 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.6 %), Административни и помошни услужни дејности (12.0 %) и Образование (11.4 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (6.6 %), Преработувачка индустрија (5.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.5 %).

Извор: Државен завод за статистика



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...