Британската компанија „Теско“ со цел да ги достигне своите цели бесплатно ќе ги дели намирниците кои нема да успее да ги продаде.
Имено, компанијата ќе почне да ја означува храната на која ѝ истекува рокот со жолти налепници означени со 0 фунти, што значи дека храната ќе биде бесплатна, објави „Телеграф“. Оваа политика претставува подобрување на претходниот систем на жолти налепници, кој обично ги намалуваше цените на најмалку 90 пени.
Во неколку продавници на „Теско експрес“ е започнат нов пилот проект, каде што купувачите ќе можат да собираат бесплатна храна по 21:30 часот. Според интерен меморандум, „Теско“ ќе продолжи да донира дел од својата храна во добротворни организации, додека вработените имаат приоритет во купувањето производи по намалени цени. Сепак, целата преостаната храна ќе биде означена како бесплатна.
Компанијата вели дека оваа нова шема ќе им овозможи да продолжат да го намалуваат отпадот од храна во рамките на нивните операции.
Извор: Grocery Gazette
Фото: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.