Компанијата „Лотус бејкерис“ соопшти дека се проширува партнерството со „Монделез интернешл“ во категоријата на сладоледи вклучувајќи го партнерството и со компанијата „Фронери“.
Откако на меѓунарниот пазар во 2019 година беше лансиран сладоледот Biscoff ги освои купувачите во САД, Велика Британија и низ ЕУ, значително придонесе во растот на брендот. Успехот Biscoff дополнително го зацврсти нашето уверување во потенцијалот за глобалното ширење на нашето портфолио на сладелед, соопштуваат од компанијата.
За да ја истражи оваа категорија со нејзините специфични пазарни карактеристики вклучувајќи логистика и динамика на малопродажба компанијата ќе соработува со „Монделез интенешнл“ со кој „Лотус“ веќе работи, и „Фронери“, што ќе овозможи зголемена дистрибуција на пазарот, како и поголема ефикасност во производството и логистиката преку локалното производство на клучните пазари.
Почнувајќи од 2026 година, „Фронери“ ќе го произведува, пласира и продава сладолед Biscoff во неколку европски земји, со постепено проширување на други пазари.
Партнерството со „Фронери“ отвора нови можности за Biscoff, овозможувајќи ни да ја искористиме нивната богата експертиза за развој на производи, увид на пазарот и водечко знаење од индустријата. Оваа соработка дополнително ќе ја зајакне нашата позиција во секторот за сладолед и ќе му овозможи на Biscoff да прерасне во глобален бренд за сладолед. Исто така, претставувањето на препознатливиот вкус на Biscoff на љубителите на сладолед ширум светот дополнително ќе го зголеми препознатливоста на нашиот бренд и ќе и овозможи на нашата организација уште посилно да се фокусира на глобалното проширување на колачињата и намазите Biscoff, изјави Јан Бун, извршен директор на „Лотус бејкерис“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лотус бејкерис“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.