Македонија

Дурмиши: Работната група утре ќе предложи мерки за ограничување на цените

12 Sep 2024

Министерството за економија и труд заедно со министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и со финансии формираа работна група која до утре треба да направи есенска потрошувачка кошничка. Таа кошничка ќе опфати околу 100 основни прехранбени и земјоделски производи. Работната група ќе направи една симулација за ограничување на цените на одредено ниво или за ограничување на маржата од 5, 10 или 15 отсто, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и најави дека одлуката што работната група ќе смета дека треба да се примени, следната недела ќе биде доставена за да се усвои од Владата. 

Министерот Дурмиши истакна дека законот за нефер трговски практики кој беше донесен во март  ќе стапи во сила на крајот на овој месец и дека фирмите имаа рок од шест месеци да ги усогласат своите цени.

Извор: Бриф

Фото: Pexels

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...