На шести февруари повторно започна со работа целосно реновираниот „КАМ“ маркет во Аеродром (кај поранешен ресторан „Бисера“).
Маркетот е проширен и распространет на вкупна површина од 721м2, со што овозможува удобно и прегледно пазарење за сите потрошувачи. Во реновираниот и модерно уреден „КАМ“ маркет ќе пронајдете богат асортиман на производи по најниски цени од асортиманот на млечни и месни производи, топли и крцкави печива, богата понуда на овошје и зеленчук, хемија, козметика, како и широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци, соопштуваат од компанијата.
На денот на отворањето компанијата за потрошувачите обезбеди големи попусти и промоции.
Извор/Фото: „Кам маркет“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.