Македонија

Винарница „Камник“ со највисок просечен рејтинг на апликацијата Вивино за Југоисточна Европа

17 May 2023

„Камник“ е првата винарница од Македонија што е официјално профилирана на глобално најголемата винска апликација Вивино. Поканата од Вивино за професионална презентација на винаријата доаѓа врз основа на постигнатиот рејтинг на вината на „Камник“, како највисоко оценети од потрошувачите во целиот Југоисточен регион, соопштија од компанијата.

Според бодирањата од оние што ги пиеле вината на „Камник“ добиена е просечна оцена од 4,37 од 5 а поединечна највисока оцена 4,7, што е најголем постигнат рејтинг. Во оценувањето вклучени се сите вина од винарница „Камник“ што се достапни на пазарот и во ХоРеКа сегментот. 

Вивино (Vivino) е најголем он - лајн вински маркет и мобилна апликација, широко распространета апликација што се користи од голема и разновидна публика љубители на вино, од почетници па се до познавачи и вински експерти. Прелистувањето на листираните вина е преку скенирање на етикетата и досега има вкупно 260 милиони скенирања и бодирања. 

Кредибилитетот и автентичноста на Вивино потекнува од базата што ја содржи и понудата што ја создаваат самите корисници. Со пребарувачот може да се разгледа огромната постоечка база на вина со целосно инфо за потеклото и винаријата или да се создаде сопствена колекција употребувајќи го скенерот за брендови со што апликацијата ќе ги даде сите информации за виното: рејтинг, карактеристики на вкус, цена. Базата на податоци на Вивино нуди избор од 12. 162. 845 видови вино од 227 174 винарии во 3.199 региони.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...