Денеска (13 јуни) хард-дисконтерот „Киппер“ го отвори првиот маркет во Прилеп, кој е лоциран на улицата Октомвриска, бр. 1.
Ова е 88. продажен објект во синџирот маркети на „Киппер“.
Вкупната површина на новиот „Киппер“ изнесува 548 квадратни метри, од кои 480 се продажен простор, а 68 квадрати се користат како магацин. Во маркетот има три наплатни каси, а за услугата се грижи тим од 7 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.500 артикли.
Во планот за проширување на малопродажната мрежа за годинава следни локации се: Битола и скопската населба Аеродром, најавуваат од „Киппер“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.