Денеска (29 декември) „Киппер“ отвори нов маркет во Струга, на улицата Маркс Енгелсова, бр. 34. Ова е 81. маркет во малопродажната мрежа на „Киппер“.
Вкупната површина на новиот маркет е 388 квадратни метри – 338 се продажен простор и 50 се магацински. Во него има две наплатни каси, а за услугата се грижи тим од 7 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.600 производи, вклучувајќи и свежо овошје и зеленчук.
Планот за проширување за компанијата е според досегашната динамика. Ќе бидете известени наскоро за мракетите што е во план да бидат отворени во 2022 година, изјавија за InStore од „Киппер“.
Вчера и завчера беа отворени новите маркети во скопската населба Маџари и во Тетово.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.