Македонија

„Киппер“ отвори 2 нови маркета, достигна до 80 продажни објекти

28 Dec 2021

Денеска и вчера (28 и 27 декември) „Киппер“ отвори два нови маркета – еден во скопската населба Маџари и еден во Тетово, со што неговата малопродажна мрежа достигна до 80 објекти.

Маркетот во Маџари е отворен денеска на адреса Благоја Стефковски, бр. 16А. Вкупно се простира на површина од 595 квадратни метри, од кои 490 квадрати се продажна површина и 105 се магацински простор. За услугата се грижат 8 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат 1.600 артикли плус свежо овошје и зеленчук.

Вчера беа отворени вратите на новиот маркет во Тетово, на  улицата 113, бр. 3 (Неметали), на вкупна површина од 466 квадратни метри (400 +66). И во овој маркет работат осуммина вработени, има 2 каси за наплата и асортиман од 1.600 артикли плус свежо овошје и зеленчук.

Отворањето на следниот нов маркет е закажано за утре (29 декември) во Струга.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...