Македонија

Куманово го доби четвртиот „Дим маркет“

25 Aug 2021

Денеска (25 август) компанијата „Гранд пром Зур“ го отвори новиот „Дим маркет“, кој е 12. продажен објект од овој формат и четврти во Куманово.

Новиот хард-дисконт се наоѓа на улицата Трета македонска ударна бригада, бр. 1/1 и се простира на површина од 250 квадратни метри. За услугата се грижат 8 вработени, а потрошувачите се услужуваат на две наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат околу 2.000 активни производи.

Ова е четвртиот „Дим маркет“ во Куманово и вкупно 12. продажен објект од овој формат. Првите три маркета во овој град беа отворени во текот на јуни и јули годинава. Досега компанијата „Гранд пром Зур“ има вкупно 32 продажни објекта во малопродажната мрежа, од кои 20 „Зур“ и 12 „Дим маркет“.

Од компанијата за InStore откриваат дека набрзо ќе биде отворен уште еден нов маркет.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...