Вчера (10 јуни) во 9 часот наутро се отворија вратите на новата дрогеријата dm во трговскиот „Сити центар“ во Гостивар, на булеварот Гоце Делчев, бр. 42.
Новиот продажен објект на dm е со вкупна површина од 444,69 квадратни метри, од кои 373,26 се продажен простор, 49,22 се магацински, а 22,21 квадратни метри се помошен простор.
Со понуда од повеќе од 13.500 производи, од кои повеќе од 700 се од домашни производители, dm важи за место каде што може да се најде „Сѐ на едно место“ од сегментот нега и убавина, природна козметика, органска храна, лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња. Ја потврдивме позицијата на најголем понудувач на сопствени трговски брендови на пазарот, со понуда од речиси 4.000 производи, се наведува во соопштението на „дм дрогерие маркт“.
Почетокот на работата на оваа дрогерија dm ја означи со општествено одговорен ангажман во локалната заедница, односно со донација од 120.000 денари за реновирање и обнова на просториите на службата за брза помош при Здравствениот дом во Гостивар.
Со отворање на овој објект, кој е прв во Гостивар, dm во Македонија е присутен со 19 продажни објекти, од кои 12 во Скопје и по еден продажен објект има во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола и во Струмица.
Од компанијата најавија дека продолжуваат и понатаму да работат и да ги исполнуваат целите, а тоа се да бидат задоволени потребите на купувачите и на вработените. Во таа насока, гордо го најавија и отворањето на 20. објект во текот на јули, со што ќе ја прошират продажната мрежа и во Охрид.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.