Историја на брендот е рубрика која произлезе од потребата да се знае како некој бренд се појавил на пазарот, како се развивал низ годините, до каде стигна на својот пат кон освојување на пазарите... InStore знае дека создавањето на брендот, креирањето на неговиот изглед, стратегија и маркетинг нималку не е едноставно. Но, крајниот резултат и опстојувањето долги години на пазарот, се инспирација и за другите компании и нивните нови брендови.
Тука е и потребата да се сочуваат нашите „златни“ брендови преку текст, фотографија, сведоштво од луѓе кои биле непосредно вклучени во нивното креирање, па можат да ги раскажат анегдотите и патешествијата за раѓањето на брендот. Тоа се секогаш интересни приказни и нам ни е задоволство да им ги пренесеме на нашите читатели и на вашите купувачи.
Во InStore досега се објавени најмалку 20 инспиративни текстови во кои се претставува историјата на успешните македонски, регионални и глобални брендови. Некои од нив се: Стоби Флипс, Fructal, Nescafé, Nivea, Faks и други. Воедно, и во програмата на најголемиот трговски настан на годината FMCG Summit секогаш имаме посебно место за најуспешните компании и брендови. На првиот FMCG Summit во 2015 година конференцијата ја отвори потпретседателот на „Атлантик група“, Среќко Накиќ, а инспиративниот блок го продолжи Глигор Цветанов, сопственик и извршен директор на „Макпрогрес“. Во 2017 година, на 3. FMCG Summit како прв говорник настапи Елена Младеновска-Јеленковиќ, тогашен менаџер за комуникации на „Тиквеш“ која со конкретните примери ја раскажа инспиративната интернационална приказна на винарницата. На четвртиот самит пак, Енвер Малиќи, сопственик на „Гемак трејд“, го раскажа својот инспиративен пат од нереализиран фудбалер до успешен бизнисмен во повеќе различни индустрии, а една година подоцна Џемаил Даути, генерален менаџер на „Даути комерц“, ги раскажа искуствата од 30-годишното успешно работење.
InStore е вистинскиот медиум каде може да раскажете како вие сте почнале да го развивате вашиот бренд и да бидете инспирација и поттик за другите да го следат патот до успехот. Како да го направите тоа може да ви објасни Срменка, пишете ѝ на: srme@instore.mk.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.