Навиките за пазарување треба да се променат и неважно е дали некој ќе пазарува во сабота или некој друг ден и неработната недела нема да ги загрози работните места, тврди Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, околу подготовката на законот што треба на работниците да им ја гарантира неделата како неработен ден.
Шопинг центрите и маркетите нема да имаат загуба ако бидат затворени в недела а тоа за работниците ќе значи повеќе време што треба да го минуваат со семејството, вели Шахпаска во интервјуто за „Макфакс“.
Одговорите на министерката се во првите 9:30 минути во видеото:
Извор: Макфакс
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.