FMCG Македонија 2020

Иван Крушковиќ: Креирање вредност преку оптимизација на полиците

16 Nov 2020

Иван Крушковиќ ќе биде еден од говорниците на овогодинешниот 6 FMCG Summit 2020 што ќе се одржи онлајн на 26 ноември, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Тој ќе зборува на темата „Креирање вредност преку оптимизација на полиците“. 

Крушковиќ е SEFF Commercial, Leader Adriatic's во „Нилсен“. Има 8 годишно искуство со работење на проекти за пазарна егзекуција. Со текот на годините Иван имаше успешна соработка со најголемите имиња во FMCG-секторот, осигурувајќи дека ќе бидат исполнети нивните очекувања.

Од 2019 година тој го презеде одделот за Оптимизација на асортиманот и просторот во „Нилсен“, кој се занимава со потребите на клиентите за категори-менаџмент, почнувајќи од управување со асортиманот до оптимизација на просторот, како и тренинзи за категори-менаџмент. Неодамна ја презеде улогата Seeff Commercial Leader продажбата за Јадранскиот Регион. Дипломира на катедрата за манаџмент и бизнис-економија, како и на катедрата за финансии, финансиски институции и осигурување, а се стекна со диплома за финансии, берза и банкарство на Универзитетот во Крагуевац.

InStore на својата интернет страница ќе Ви ги претстави сите говорници кои ќе го збогатат Самитот со своите знаења, искуство и насоки за развој на Вашиот бизнис. Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука. 

Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...