Данската пиварница „Карлсберг“ објави реклама во која го промовира безалкохолното пиво Carlsberg 0.0, а во која учествува и данскиот актер Мадс Микелсен.
Тоа е прва глобална промоција на Carlsberg 0.0 и доаѓа по големиот раст на популарноста на безалкохолното пиво во текот на турбулентната 2020 година. Портофолиото на безалкохолни пијалаци на групацијата „Карлсберг“ порасна за 29 отсто меѓу јули и септември 2020 година.
Рекламата прво ќе почне да се емитува во Ирска и во Данска. На останатите пазари ќе биде претставена подоцна оваа година.
Погледнете:
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.