Маркетинг

Франција: „Кока Кола“ Лансира нова кампања за Олимписките игри (Видео)

12 Jul 2024

Компанијата „Кока Кола“ лансира нова кампања во пресрет на Олимписките игри кои годинава се одржуваат во Париз од 26 јули до 11 август.

Кампањата е под името „Магично е кога ќе се спои светот“, а во неа е вклучена и реклама во која се прикажани пливачките Лили Кинг, Кајлин Корбет, Ание Лазор и Татјана Шоенмакер како се прегрнуваат после победата.

Рекламата е инспирирана од вистинските случувања на Олимписките игри во Токиo во 2021 година, која Шоенмакер ги прегна своите конкурентки откако победи на трката од 200 метри.

Како дел од кампањата е лансирано и ограничено издание од лименките на Coca-Cole, со илустрација  која кога ќе се спојат две лименки  прави целосна прегратка.

Нашите разлики се тоа што не прават уникатни, но кога ќе се собере, тогаш се случува „Вистинска магија“. Олимписките спортисти вредно тренираат четири години со цел да освојат злато. Па затоа кога ќе ги видите како се прегрнуваат тоа е навистина симбол на човечката поврзаност, изјави Ислам Елдесоку, глобален шев за кретивни стратегии во „Кока Кола“.

 

 Извор: Marketing Dive

Фото: „Кока Кола“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...