Анализи

Здравата храна во акција

29 Jan 2025

Годишните анализи на пазарот што „Фокус“ ги прави врз основа на учеството на брендовите во летоците овозможуваат интересен преглед на категориите. Анализите даваат приказ на промотивната активност на поткатегориите и брендовите во летоците на одредени трговски синџири. Освен тоа, се анализираат и промотивните цени преку развојот на максималната, промотивната и минималната цена на одредени производи.

Анализите на „Фокус“ даваат одговори на прашања интересни за компаниите од FMCG-секторот, меѓу кои се трендовите на македонскиот пазар и каква е состојбата на промотивните активности.

Специјално за InStore, агенцијата направи анализа на промотивната активност на категоријата здрава и органска храна и пијалаци, а период на анализа се првите три месеци од 2024 наспроти 2023 година. Според промотивна активност, на првата позиција се најдоа овесните каши, кои бележат намалување од 23,9% на 21,1%. Во првите три месеци од годинава 21,1% промотивна активност бележи растителното млеко, но во споредба со овошните каши, бележи пораст. Муслите бележат пад од 20,4% на 17,2%, како и житариците за појадок од 18,6 на 15,9%. Житните/овошни барови бележат благ пад од 14,9 на 13,3%, додека енергетските/протеинските барови пораст од 5,9 на 10,9%. Растителниот јогурт речиси нема промени во огласувањето во летоците. Сите категории може да ги погледнете на графикон 1.

Брендови

Во анализата на најактивните брендови од категоријата, „Фокус рисрч“ овозможува приказ на промотивната активност во период од првите три месеци од годинава наспроти истиот период лани. Vitalia и годинава е промотивно најактивна, но во споредба со лани, бележи пад од 34,9% на 26,9%. Fun&Fit ја задржува промотивната активност во анализираниот период од (7,2% - 7,3%), како и Nestlé Corn flakes кој речиси нема отстапувања од ланското присуство во летоците. Nesquik бележи пад на промотивната активност (од 4,3% на 2,6%), додека баровите Go on protein бележат зголемување од 1,7% на 4,9%. Податоците за другите брендови може да ги погледнете на графикон 2.

Учество на производителите во малопродажните синџири Анализата на „Фокус“ го испитува и присуството на водечките производители во летоците на индивидуални трговски синџири – „Тинекс“, „Веро“, „Рамстор“, „Жито“, „Зур“, „Кам“ и други, во првите три месеци од годинава. Во продолжение ги даваме првите пет трговци според процентот на промотивната активност на производителот. (графикон 3).

„Виталиа“ со своите производи е најприсутна во летоците на „Атва“ и „Нето“ со 100%, со 67% во „Киппер“, додека со 47% во „Вива фреш“. „Фан&Фит компани“ со 33,3% е присутен во летоците на „Рептил“, со 23% во „Жито“ и со 11% во „Дим“.

Производите на „Санте“ со 25% се застапени во „Монтенегро“, со 10% и повеќе од 10% во „Вива фреш“, „Кит- Го“ и „Супер Кит-Го“ и со 8,2% во „Веро“. Производите на „Рисо Скоти“ се застапени во летоците на „Рамстор“ со 8,3%, во „Жито“ 5,7% и во „Веро“ со 4,9%. Колку плаќаме за здрава храна? .„Фокус рисрч“ нуди и анализа на движењето на цените на голем број категории и производи. Притоа го анализира развојот на промотивните цени, односно просечната, максималната и минималната цена. За овој број на InStore ги анализира цените на растителните млека и на овесните каши. Анализата е направена за првите три месеци од годинава наспроти истиот период лани (графикон 4).

     

Максималната цена на растителното млеко од 1л е зголемена од 179 на 225 денари. Просечната цена е на истото ниво во анализираниот период (135,49 на 135,24 денари), додека минималната цена бележи зголемување од 3 денари, од 59 на 62 денари.

Кај овесните каши (500 г), пак, се забележува намалување на максималната цена од 95 на 82 денари. И тука, како кај растителното млеко, минималната ценае зголемена за 3 денари, а просечната,исто така, го задржува истото ниво.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...