Поради пандемијата од Ковид-19 се забележува голем скок на побарувачката преку интернет-продавниците, а огромен пораст бележи и „дм дрогерие маркт“ – Австрија.
За да ја задоволиме зголемената побарувачка на нарачките во онлајн-трговијата, моравме за краток рок двојно да ги зголемиме капацитетите во нашиот логистички центар. Но, ниту тоа не беше доволно – затоа моравме уште двојно да ги зголемиме капацитетите, така што сега онлајн-нарачките се подготвуваат и во некои од продавниците. Едноставно, мораше да се послужиме и со некои нови методи, вели Мартина Енгелман, претседателка на управата на dm.
Таа додава дека тест-фазата е веќе завршена во некои продавници, а почетниот план бил проектот да се спроведе во 14 продажни објекти. Фокусот бил на продавниците со поголем пад на прометот.
Од компанијата порачуваат дека подготвените пакети ги преземаат поштенските работници и ги доставуваат до потрошувачите. На тој начин, може во продавниците да се подготват ист број на нарачки, како и во логитичките центри.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.