„Лидл“ – Велика Британија почна да увезува свежи јајца од Холандија, поради зголемената побарувачка.
Побарувачката на јајца во Велика Британија се зголемила за 20% во последниот период. Британските супермаркети во најголем дел ги пополнуваат полиците со понуда од домашните фармери уште од 1988 година. Особено по големиот скандал со салмонелата, условите за увоз во земјата претрпеа огромни промени, со кои практично, беше оневозможен увозот на јајца.
Сепак, недостигот во понудата поради корона-кризата, како и наглото зголемување на побарувачката го принудиле трговецот да посегне по нови канали на набавка.
Од „Лидл“ – Велика Британија соопштуваат дека промената е само привремена, додека да се нормализираат понудата и побарувачката. Во овој период дисконтерот не може да гарантира константна достапност на овие производи за купувачите.
Одлуката за увоз на јајца од други земји наиде на неодобрување од домашните производители, здружени во „Британскиот совет за индустрија на јајца“, од каде изјавија дека одлуката е многу разочарувачка.
Извор: The Grocer
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.