Компанијата „М&С“ за време на празниците се здружи со групациите „Валео фудс“ и „Ту систерс фуд“ со цел да донира 100.000 оброци за семејствата низ Велика Британија.
Како дел од соработката, „М&С“ донираше 240.000 пакувања зеленчук, вклучувајќи компири, зелка и моркови произведени од групацијата „Ту систерс фуд“.
Покрај тоа, „M&С“ и „Валео фудс“ подготвија 100.000 оброци од мисиркино месо, како и традиционален божиќен пудинг, а овие донации потоа беа дистрибуирание преку „Фер шер“ младински центри, банки за храна и на други организации.
Во „М&С“,сме посветени да ја направиме вистинската работа за луѓето и заедниците на кои им служиме. Воодушевен сум што оваа година, во партнерство со нашите добавувачи, им помагаме на семејствата обезбедувајќи 100.000 божиќни оброци, изјави Алекс Фројдман, директор на „M&С фуд“.
Ова партнерство претставува продолжување на напорите на компанијата за намалување на количината на фрлена храна, а компанијата во соработка со организациајта „Сосед“ во изминатите седум години донирала над 70 милиони производи на социјално најзагрозените граѓани
Извор/Фото: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.