Свет

„Нестле“ ќе инвестира 70 милиони долари во Саудиска Арабија

20 Sep 2024

„Нестле“ потпиша договор со саудиската „Модон“( Саудиска управа за индустриски градови и технолошки зони) за основање на својата прва фабрика за производство на храна во оваа држава.

Фабриката која ќе биде изградена во индустрискиот град Једах, ќе биде во вредност од 72 милиони долари.

Во договорот е содржан планот за изградба на фабрика од 117.000 квадратни метри, а фабриката на почетокот ќе се фокусира на производство на детска храна и ќе користи напредна технологија за пакување и полнење, соопштуваат од компанијата.

Во првата фаза се очекува фабриката годишно да има производен капацитет од 15.000 тони и да се отворат стотина работни места. Покрај тоа, фабриката ќе има и складиште, зграда за индустриски услуги, лабораторија и управна зграда.

Од компанијата соопштуваат дека со овој проект имаат за цел да ја подобрат безбедноста на храната во Саудиска Арабаија и да ја задоволат локалната побарувачка, со план да се извезува на другите пазари на Блискиот Исток и Северна Африка.

 

Извор: INB2B Media

Фото: „Нестле“

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...