Свет

„Стоп & шоп“ престанува да продава цигари

04 Sep 2024

Синџирот во сопственост на „Ахолд Делез“ ги објави плановите да ја прекине продажбата на цигари во сите свои продавници.

Нашата одговорност како трговец на мало оди подалеку од полиците на продавниците и ние сме посветени на преземање храбри чекори за да им помогнеме на нашите соработници, потрошувачи и заедници да го подобрат своето здравје, рече Гордон Рид, претседател на „Стоп & шоп“.

Пред откажувањето, трговецот им дозволи на потрошувачите да ги предадат веќе купените цигари во одбрани продавници, подготвувајќи подароци за првите 100 потрошувачи во форма на ваучери, асортиман на здрави грицки и производи за откажување од пушење.

Со овој потег, трговецот се приклучува на листата на компании како „Волмарт“, ЦВС и „Таргет“, кои престанаа да продаваат цигари во своите продавници.

И трговците на мало во Европа постепено се приклучуваат на оваа иницијатива. Германскиот дисконтер „Лидл“ неодамна објави дека ќе ја прекине продажбата на тутун во продавниците во Данска до крајот на 2028 година, откако престана да продава тутунски производи во Холандија од есента 2021 година, пред одлуката на холандската влада да ја забрани продажбата на цигари во продавници. Исто така, во Белгија, од 1 април 2025 година, цигарите, класичните и електронските, како и додатоците за правење цигари, повеќе нема да смеат да бидат видливо изложени во продавниците.

 

Извор: Grocery Dive

Фото: Ахолд Делез



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...