
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Жито група“ ја заврши втората фаза од изградбата на свињарската фарма „Орловњак“ во околината на Осиек, во вредност од приближно осум милиони евра.
Инвестицијата е целосно финансирана со сопствени средства обезбедени преку иницијалната јавна понуда на акции (IPO), а со проширувањето е удвоен производствениот капацитет на фармата, која со тоа стана една од најголемите свињарски фарми во Хрватска.
Првата фаза од изградбата на фармата „Орловњак“ беше завршена во есента 2022 година, додека со втората фаза е проширен постојниот производствен комплекс.
Бројот на маторици се зголемува од досегашните 1.350 на 2.700, со што годишниот капацитет за производство на прасиња се зголемува од 44.550 на 89.100 грла.
Со проширувањето на фармата, „Жито група“ продолжува со инвестициите во зголемување на производствените капацитети и модернизација на свињарското производство.
Фармата „Орловњак“ е опремена со современи системи за вентилација и контрола на микроклимата, кои овозможуваат одржување соодветни услови за одгледување на животните.
Според компанијата, при изградбата и опремувањето на фармата посебно внимание е посветено на стандардите за биосигурност, благосостојба на животните, продуктивност и заштита на животната средина.
Во рамките на втората фаза е изграден и нов резервоар за складирање течно арско ѓубриво, наменет за заштита на почвата, подземните и површинските води, како и за намалување на емисиите на непријатни мириси во околината на фармата.
„Со реализацијата на оваа инвестиција го зголемивме производствениот капацитет на фармата „Орловњак“ и ги унапредивме условите за ефикасно и одржливо производство. Притоа, важно ни е да одржиме стабилно и квалитетно производство, ефикасно да ги користиме ресурсите и да применуваме современи методи на одгледување што гарантираат високи стандарди за благосостојба на животните и биосигурност“, порачаа од „Жито група“.