
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Марко Савељиќ е именуван за нов директор на компанијата „Кока-Кола ХБЦ“ во Црна Гора.
На оваа позиција доаѓа со осумгодишно искуство во рамките на системот „Кока-Кола ХБЦ“, во текот на кое извршувал одговорни функции во маркетингот и продажбата и дал значаен придонес во развојот на работењето на компанијата.
Во досегашната кариера Савељиќ стекнал искуство во развојот на бизнисот, унапредувањето на односите со купувачите и спроведувањето стратешки иницијативи.
„Црногорскиот пазар зазема важно место во работењето на „Кока-Кола ХБЦ“, а резултатите што ги постигнавме во изминатите години ја потврдуваат силата на нашиот тим, квалитетот на портфолиото и успешноста на долгорочните партнерства што ги изградивме“, истакна Марко Савељиќ.
Тој додаде дека компанијата ќе продолжи да го развива своето работење врз основа на досегашните резултати, следејќи ги потребите на купувачите и потрошувачите и препознавајќи ги новите можности на пазарот.
„Нашата амбиција е да продолжиме да ја зајакнуваме позицијата на „Кока-Кола ХБЦ“ како водечки партнер за пијалаци достапни 24 часа на ден, седум дена во неделата, на црногорскиот пазар, потпирајќи се на силата на нашето портфолио, иновациите и, пред сè, долгорочните партнерства со купувачите“, нагласи Савељиќ.
„Кока-Кола ХБЦ“ работи во Црна Гора повеќе од две децении, соработувајќи со околу 4.000 партнери во секторите трговија и угостителство.
Компанијата ја развива соработката со локалните купувачи, добавувачи и партнери, нудејќи широко портфолио пијалаци за различни пригоди во текот на целиот ден.
Покрај придонесот кон домашната економија, „Кока-Кола ХБЦ“ е посветена и на одговорното работење, заштитата на животната средина, поддршката на младите и локалните заедници.