
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Монделез Ворлд Травел Ритејл“ ги здружи силите со компаниите „Гебр. Хајнеман“ и „Јунифри Дјути Фри“ за на аеродромот во Истанбул да го претстави лимитираното издание на чоколадото Toblerone Pistachio Gelato.
Во рамките на соработката, од октомври до декември ќе бидат достапни само 3.000 рачно изработени чоколади. Секој ден во продажба ќе се пуштаат само 34 чоколади, а ексклузивното лансирање е поддржано со посебен малопродажен простор, интерактивни содржини за запознавање со производот и услуги за персонализација, наменети за привлекување на патниците кон категоријата кондиторски производи.
Инспирирано од вкусот на сладолед од ф’стаци, чоколадото комбинира бело чоколадо со карамелизирани ф’стаци, крем од ф’стаци и крцкави парчиња вафли.
Изборот на вкусот е поврзан и со турската гастрономска традиција, во која ф’стаците имаат значајно место, од баклавата до локумот.
За да ја оживеат промоцијата, компаниите на аеродромот во Истанбул создадоа посебен бутик Pistachio Gelato, уреден во зелени нијанси инспирирани од ф’стаците, со заоблена конструкција и излози инспирирани од новиот производ.
Во продажниот простор е поставен и бројач што во реално време прикажува колку чоколади останале достапни од дневната квота од 34 парчиња.
„Toblerone Pistachio Gelato покажува што се случува кога глобален бренд ќе се поврзе со локална приказна и партнери подготвени заеднички да создадат нешто смело. Со компаниите „Хајнеман“ и „Јунифри Дјути Фри“ го претворивме просторот за продажба на кондиторски производи на аеродромот во Истанбул во посебна дестинација. Само 34 чоколади дневно, рачно изработени и достапни до распродажба на залихите“, изјави Јост Росмулер, генерален директор на „Монделез Ворлд Травел Ритејл“.
Тој додаде дека ефектите од ваквите активности ја надминуваат продажбата на самиот производ, бидејќи го зголемуваат интересот и потрошувачката во целата категорија кондиторски производи.