
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Шпар“ во Австрија претстави нова дигитална листа за купување, која им овозможува на купувачите поедноставно планирање на набавките и споделување на листата со членовите на семејството и пријателите.
Користењето на листата е едноставно – купувачите најпрво ја избираат посакуваната продавница, а потоа на листата можат да додаваат производи од асортиманот на „Шпар“ или слободно да внесуваат производи, како „млеко“ или „јаболка“. Истовремено, достапни се информации за актуелните цени, промотивните акции и достапноста на производите.
Во текот на купувањето, производите може да се означуваат како купени, што дополнително го олеснува следењето на листата во продавницата.
Корисниците можат да креираат повеќе различни листи за различни потреби и да ги приспособуваат според сопствените желби. Листите може едноставно да се споделуваат преку линк или QR-код, а повеќе лица можат истовремено да ги уредуваат и ажурираат.
Една од предностите на новата услуга, како што истакнуваат од синџирот, е пристапот до целокупниот асортиман на „Шпар“, кој моментално опфаќа околу 40.000 производи. Производите може директно да се додаваат на листата преку платформата Spar Product World или од актуелните промотивни понуди.
Трговецот особено го истакнува едноставниот пристап до услугата. Дигиталната листа за купување може да се користи и преку апликацијата и преку интернет-прелистувач, без регистрација и без внесување лични податоци, со целосна функционалност на сите опции.