
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Енгротуш“, во чии рамки работат продавниците Tuš, во текот на 2025 година остварила приходи од продажба во износ од 460,6 милиони евра, што е за 5,5% помалку во споредба со претходната година, објави агенцијата STA.
Компанијата ја завршила годината со нето-загуба од 12,1 милион евра, откако во 2024 година остварила нето-добивка од 37,4 милиони евра. Најголемиот дел од приходите, односно 97%, биле остварени од продажба на стоки, додека преостанатите приходи се однесуваат на обезбедување услуги.
Гледано според деловните сегменти, малопродажбата учествувала со 70,3% во вкупните приходи, што е повеќе во споредба со 67% една година претходно. Cash & Carry центрите генерирале 19,2% од приходите, во споредба со 18,8% во претходната година, додека уделот на големопродажбата се намалил од 13,5% на 9,8%.
Оперативниот резултат (EBIT) изнесувал минус 6,8 милиони евра, додека една година претходно загубата од работењето изнесувала 3,4 милиони евра. EBITDA достигнала 9,1 милион евра, што претставува пад од 28,5% во споредба со 2024 година.
Според менаџментот, нето-загубата од 12,1 милион евра првенствено е последица на пониските приходи од продажба и повисоките трошоци за работна сила, вклучувајќи ја и исплатата на зимскиот регрес за вработените.
За споредба, нето-добивката од 37,4 милиони евра остварена во 2024 година во најголем дел била резултат на отпишување на финансиски обврски.
На крајот од 2025 година „Енгротуш“ управувал со 97 маркети и супермаркети, во споредба со 98 една година претходно. Компанијата задржала седум Cash & Carry објекти, додека бројот на франшизни продавници бил намален од 150 на 129.