
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Втората панел-дискусија на Supply Chain Summit, на тема „Предикција во време на непревидливост: како се носат вистинските одлуки?“, ќе ја модерира Дино Шкрељ, а во разговорот ќе учествуваат Бобан Трпезановски, Виолета Митковска и Станиша Ивановиќ.
Планирањето никогаш не било поважно – но никогаш и потешко. Во услови на нестабилност, нарушени синџири на снабдување и постојани оперативни предизвици, дури и најдобрите прогнози брзо се соочуваат со реалноста. Панел-дискусијата „Предикција во време на непревидливост: како се носат вистинските одлуки?“ ќе ги отвори клучните прашања за оваа тема.
Своите ставови, мислења и решенија на панел-дискусијата ќе ги споделат: Бобан Трпезановски, национален менаџер за патна логистика во „Kuehne+Nagel“; Виолета Митковска, раководител за контролинг, известување и планирање и анализа (P&A) во „Atlantic Grupa“ – Македонија и Станиша Ивановиќ, CEO на „Fresh Line“.
Бобан Трпезановски е искусен професионалец во логистиката и управувањето со синџири на снабдување, со долгогодишно искуство во патна логистика и транспорт. Со повеќе од 25-годишно искуство во „Kuehne+Nagel“, повеќе од една деценија го раководеше тимот за продажба и маркетинг во Македонија и во регионот. Во моментов ја извршува функцијата национален менаџер за патна логистика, каде што е одговорен за развој и управување со патни транспортни решенија, унапредување на оперативните перформанси и обезбедување клиентски-ориентирани логистички услуги. Тој има изградено силна експертиза во патен транспорт (FTL/LTL), оптимизација на синџири на снабдување и прекугранична логистика, работејќи во тесна соработка со тимови и партнери низ регионот.
Виолета Митковска е сениор финансиски лидер, со повеќе од 17 години професионално искуство во финансиското управување, со експертиза во контролинг, финансиско известување, планирање и анализа. Моментално ја извршува функцијата раководител за контролинг, известување и планирање и анализа (P&A) во „Atlantic Grupa“ – Македонија. Во текот на кариерата, таа има значајно искуство во водење и развој на високоефикасни тимови, целосна P&L одговорност и имплементација на процеси насочени кон зголемена оперативна ефикасност и одржлива оптимизација на трошоци. Препознаена е како стратешки бизнис-партнер на менаџментот, со силен аналитички пристап и фокус на донесување одлуки базирани на податоци, долгорочна вредност и одржлив пораст.
Станиша Ивановиќ, CEO на „Fresh Line“, образованието го стекнал на Executive Education на Kellogg School of Management (USA), Executive MBA од University of Sheffield (UK), како и менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има долгогодишно искуство во агробизнисот и логистиката. Негова специјалност е извоз на свежо овошје и зеленчук и управување со меѓународни синџири на снабдување. Под негово водство, компанијата работи со големи европски супермаркети и оперира на повеќе пазари низ Европа (Скандинавија, Германија, Полска, Србија и Романија), со фокус на квалитет, ефикасност и пораст.
Во организација на „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore, Supply Chain Summit ќе обедини повеќе од 250 професионалци од индустријата, малопродажбата, логистиката, производството и технолошкиот сектор, создавајќи платформа за размена на знаења, искуства и практични решенија за современите бизнис-предизвици.
14 мај 2026
Скопје
Пријави се на: