
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во организација на „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore, на 14 мај во Скопје ќе се одржи Supply Chain Summit 2026 – првиот специјализиран самит во Македонија целосно посветен на синџирот на снабдување, логистиката, набавката и оперативната ефикасност.
На Supply Chain Summit ќе слушнете експерти кои ќе ја прикажат вистинската вредност на supply chain функцијата и нејзиното влијание врз бизнис перформансите.
Клучни теми:
• Дигитална трансформација и AI во логистиката и синџирите на снабдување
• Supply Chain – Скриен генератор на Cash Flow
• Supply Chain Security: Од регулаторна обврска до конкурентска предност (AEO во пракса)
• Како да спречите скапење пожари во вашиот Supply Chain
• Оперативна и стратешка набавка: создавање профит преку управување со процесите во набавката
• Kaizen и Lean во логистиката на производството: поврзувачки менаџмент за поголема ефикасност
• Од предизвици до smart решенија – подобрени производствени процеси со поддршка од AI
Панел-дискусии:
• Outsource vs. In-house логистика – каде завршува контролата, а почнува ефикасноста?
• Предикција во време на непредвидливост: како се носат вистинските одлуки?
Погледнете ја целосната програма

14 мај 2026
Скопје
Пријави се на: