
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Брендот Persil, во соработка со Здружението за поддршка на жените „Хероине“, ја продолжува кампањата посветена на превенцијата и здравјето на жените, под слоганот „Контролата е во твои раце – бидејќи секогаш го даваш најдоброто од себе“.
Како генерален покровител на кампањата, Persil ја поддржува организацијата на бесплатни превентивни ултразвучни прегледи на дојките за жени до 45 години, со цел превенцијата да стане подостапна за жените низ Србија и да ги потсети дека грижата за сопственото здравје не треба да се одложува за „некој друг пат“.
Мобилната ординација „Контролата е во твои раце“ во текот на септември и почетокот на октомври ќе посети 20 градови и општини, од Војводина до западна и централна Србија, за да им овозможи на што поголем број жени бесплатно да направат превентивен преглед.
Мобилната ординација ќе биде на 10 септември во Ковачица, 11 септември во Змаево, 12 септември во Савино Село, 13 септември во Куцура, 14 септември во Србобран, 17 септември во Тител, 18 септември во Будисава, 19 септември во Сремски Карловци, 20 септември во Жабаљ, 21 септември во Ивањица, 22 септември во Ариље, 23 септември на Златибор, 24 септември во Бајина Башта, 25 септември во Коцељево, 26 септември во Уб, 27 септември во Лајковац, 28 септември во Трнава, 29 септември во Рача, 30 септември во Лапово и на 1 октомври во Белград.
Работното време на мобилната ординација е од 14 до 20 часот, додека закажувањето на прегледите се врши од 13:30 до 14 часот пред мобилната ординација.
Споделувајќи ги истите вредности, соработката меѓу брендот Persil и здружението „Хероине“ веќе прерасна во традиција чија цел е подигнување на свеста кај жените за значењето на превентивните прегледи на дојките и грижата за здравјето.
Пред две години Persil ја поддржа кампањата „Твојата тироидна жлезда, твојот штит“, посветена на превенцијата на проблемите со тироидната жлезда, додека минатата година започна кампањата за превентивни ултразвучни прегледи на дојките „Контролата е во твои раце – бидејќи секогаш го даваш најдоброто од себе“, која продолжува и годинава.
Како бренд кој настојува да биде покрај своите потрошувачи и надвор од секојдневната употреба на производите, Persil има цел своето влијание да го користи за поддршка на теми што се важни за општеството.
„Кога секојдневно го давате најдоброто од себе за другите, важно е да не заборавите да се грижите и за себе. Превенцијата не е обврска што треба да се одложува – таа е подарок што секоја жена може да си го даде себеси“, порачуваат од брендот.