
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Температурите во замрзнувачите и разладните уреди во повеќе продавници на трговските синџири „ИКА“ и „Кооп“ во Шведска нагло се зголемиле во текот на ноќта, соопштија претставници на компаниите, пренесува ESM Magazine.
Како што известува Reuters, една продавница во Шведска објавила на социјалните мрежи дека температурата во нејзините фрижидери и замрзнувачи била поставена на дури 50 Целзиусови степени.
Портпарол на компанијата „ИКА“ изјавил дека во текот на ноќта биле погодени ограничен број продавници.
„Свесни сме дека помал број продавници беа погодени од инцидент во текот на ноќта, кој влијаеше врз нивните системи за ладење и замрзнување“, соопштија од компанијата.
Од „Кооп“ за шведскиот дневен весник Aftonbladet потврдиле дека сличен проблем бил забележан во шест нивни продавници.
Инцидентот се случува само неколку недели по големиот сајбернапад во Франција, кога хакери ја презеле контролата врз разладните системи во стотици супермаркети, предизвикувајќи дефекти, пожари и големи загуби на храна.
Нападот ги погодил трговските синџири „Карфур“, „Монопри“, „Интермарше“ и „Кооператив У“, при што напаѓачите рачно ги менувале поставките на разладните системи.
Според процената на експерти за сајбербезбедност што ги цитира Reuters, нападот веројатно бил технички релативно едноставен за изведување, што дополнително укажува на ранливоста на поврзаните системи за управување со разладната инфраструктура во малопродажбата.