
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Прилепска Пиварница, преку брендовите Златен Даб и Златен Даб Амбер, и годинава се приклучува на глобалната кампања Movember, посветена на подигнување на свеста за машкото здравје. Во рамките на кампањата, компанијата ќе донира опрема и средства што се потребни за спроведување на прегледите во Одделот за урологија при ЈЗУ Општа болница Струмица и подготви едукативна брошура за важноста на превенцијата и навременото информирање.
Светското движење Movember поттикнува отворен разговор за здравствените предизвици кај мажите, вклучувајќи ги ракот на простата и ракот на тестисите. Преку едукација и поддршка, кампањата испраќа важна порака: грижата за здравјето започнува со информираноста, препознавањето на ризиците и навременото обраќање кај лекар.
Едукативната брошура, подготвена врз основа на информации од Институтот за јавно здравје, содржи корисни информации за машкото здравје и превенција. Таа ќе се подарува во специјалната едиција на пакување од шест лименки – Златен Даб и Златен Даб Амбер и е достапна на веб-страницата на Златен Даб, со цел пораката за важноста на здравјето да стигне до што поголем број луѓе.
„Веруваме дека поддршката што ја даваме за машкото здравје ја покажуваме преку конкретни дела и придонесуваме за поголема информираност. Со донацијата за Одделот за урологија во Струмица и едукативната брошура, сакаме да упатиме повик до што поголем број луѓе да извршат преглед во болничките установи или најмалку самопреглед. Да се грижиме за сопственото здравје, да не ги премолчуваме проблемите и да побараме стручна помош“, велат од Прилепска Пиварница.
Со продолжувањето на поддршката за Movember, преку своите активности и иницијативи Прилепска Пиварница континуирано ја поддржува заедницата и се залага за одговорен пристап кон темите што се важни за општеството.
На здравје, за машкото здравје!