
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европскиот систем за брзо предупредување регистрираше повеќе ризични производи: откриени се и непријавени алергени во готов оброк, прекумерно количество кофеин и норовирус во остриги
Неколку нови случаи на потенцијално небезбедна храна се регистрирани во европскиот систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна (РАСФФ) кон крајот на октомври и почетокот на ноември. Меѓу пријавените проблеми се мувла во тост со потекло од Србија, салмонела во органски пињоли од Италија и афлатоксини во ф’стаци од САД.
Едно од предупредувањата се однесува на тост со потекло од Србија, во кој била откриена мувла. Случајот го пријавила Словенија на 23 октомври, по контрола на производот. Потоа следувале повлекување од словенечкиот пазар и известување за потрошувачите. Засега не се објавени името на производителот, брендот, серијата и рокот на употреба, па не може да се утврди за кој конкретен производ станува збор.
На 6 ноември биле регистрирани и други предупредувања. Германија пријавила присуство на салмонела во органски пињоли со потекло од Италија. Информацијата била споделена со повеќе европски земји, меѓу кои Словенија, Хрватска, Унгарија и Романија. Истиот ден Норвешка пријавила афлатоксини во зрна ф’стаци со потекло од САД, случај кој бил оценет како сериозен ризик.
Афлатоксините се токсични материи што ги создаваат одредени видови мувла и можат да се појават во јаткасти плодови и житарки, особено при несоодветно складирање. Долготрајната изложеност на овие токсини може да го оштети црниот дроб и да претставува сериозен ризик за здравјето.
Предупредување пристигнало и од Ирска, каде што во готов оброк со потекло од Кина биле откриени млеко и јајца кои не биле наведени на декларацијата. Ова може да биде особено опасно за лицата со алергија на овие намирници, бидејќи не добиваат точна информација за составот на производот. Меѓу останатите пријавени случаи се и прекумерно количество кофеин во додаток во исхраната со потекло од Германија, како и присуство на норовирус во остриги од Франција.
Од европскиот систем за предупредување посочуваат дека ваквите известувања овозможуваат брза размена на информации меѓу надлежните институции, за да се утврди каде се пласирани спорните производи и, доколку е потребно, да се повлечат од продажба. Регистрирањето на предупредување во РАСФФ не значи автоматски дека производот се продава и во Македонија или дека е повлечен од домашниот пазар. За тоа се потребни информации од надлежните институции и проверки на конкретните производи.
На потрошувачите им се препорачува да ги проверуваат декларациите, потеклото и роковите на употреба, а особено внимателни треба да бидат лицата со алергии. Храна со видливи траги од мувла не треба да се консумира, бидејќи некои токсини може да бидат присутни и кога не се забележуваат со голо око.