
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Џенерал Милс“ разгледува можност за издвојување на својот бренд сладоледи Häagen-Dazs од работењето на пазарите надвор од Северна Америка, што потенцијално би можело да доведе и до негова продажба.
Според пишувањето на Wall Street Journal, кој се повикува на извори запознаени со ситуацијата, компанијата анализира различни опции за работењето на познатиот бренд на меѓународните пазари, пренесува Reuters.
Додека „Џенерал Милс“ го поседува и управува со брендот Häagen-Dazs надвор од Северна Америка, во Соединетите Американски Држави со брендот управува компанијата „Фронери“, еден од водечките светски производители на сладолед.
Поради постојната улога во развојот и управувањето со брендот на американскиот пазар, „Фронери“ се смета за логичен потенцијален купувач на работењето на Häagen-Dazs надвор од Северна Америка, наведува Wall Street Journal.
Да потсетиме, претходно оваа година „Џенерал Милс“ објави дека постигнал конечен договор за продажба на своите продавници Häagen-Dazs во континентална Кина на инвеститорска група во која е вклучена компанијата „Нингџи“, кинеска компанија што управува со еден од најбрзорастечките брендови за чај во земјата.
Во рамките на договорот, купувачот ќе добие ексклузивна лиценца од „Џенерал Милс“ за користење на брендот Häagen-Dazs во продавниците за сладолед и во сегментот на подароци во континентална Кина.
„Џенерал Милс“ ќе продолжи да ги поседува и да управува со малопродажните активности и работењето во сегментот на угостителството (foodservice) на Häagen-Dazs во Кина.